Управен оформи предмети за седум тужби на „Европскиот фронт“ против решенија на ДИК

by Fokus

По поднесени седум тужби од страна на коалицијата „Европски фронт“ против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори, Управниот суд попладнево информира дека оформил ист број на предмети и дека ги презема сите дејствија согласно Изборниот законик.

„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“ – се вели во соопштението од претседателот на Управен суд, Бурим Сејдини.

Во соопштението се наведени и броевите под кои се заведени оформените предмети.

Претходно денеска од Управен информираа дека до тој момент е оформен само еден предмет за тужбата поднесена од коалицијата „Вреди“, а која се однесува на одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето во Долна Бањица, Гостиварско.

 

Поврзани новости