Уплатниците со кои ВМРО-ДПМНЕ ги плаќало пејачите за митинг доказ во „Титаник“

by fokus

Уплатниците со кои ВМРО-ДПМНЕ ги исплатило пејачите Наум Петревски, Елена Ристевска, Владо Јаневски, Калиопи Букле, Каролина Гочева и групата ДНК, денеска беа презентирани во судница, на рочиштето за случајот „Титаник“ на СЈО. На овие пејачи во 2013 година им биле исплатени од 1.000 до 1.500 евра на сметка.

Овие уплатници се дел од 6.000-те докази кои СЈО ги достави за да го докаже нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите во 2011 и 2013 година. Дел од уплатниците според СЈО сведочат дека во ист ден, црни пари, легнувале на сметка на партијата, уплатени од стотина донатори, но пополнети со ракопис на двајца- тројца, а потоа парите од партиска сметка се одлевале на пејачи, медиуми или компании кои вршеле услуги за изборната кампања.

Досега обвинителката Лиле Стефанова презентираше над 3.700 докази.

Во овој случај обвинети се 21-но лице, од кои повеќето се поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како екс премиерот Никола Груевски, поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и пратеникот Илија Димовски.

В.В.

Поврзани новости