Упад и кражба во редакцијата на Плусинфо

by Фокус

Редакцијата на порталот Плусинфо синоќа после 21.30 часот била обиена од засега непознати лица. Речиси целокупната опрема, која се состои лап-топ компјутери и форографска опрема е украдена.

Порталот го објави следното:

-Последна која била присутна во редакцијата синоќа до 21.30 часот била фоторепортерката Елена Героска. Таа се вратила од настанот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, ги обработила фотографиите од настанот и потоа си заминала. Утринава, кога Героска дошла на работното место околу 9 часот, забележала дека балконската врата е ширум отворена и на не се забележуваат траги на насилно обивање. По алармирањето на уредниците, настанот веднаш е пријавен во полиција, а полицијата стасува во овој момент.

plusinfo 1

Освен што се украдени четири лаптопи и еден нетбук, украден е и поголем дел од исклучително скапата фотографска опрема и две видео камери. Интересно е што темелно било претурано по фиоките, а на подот се забележуваат расфрлани службени документи на редакцијата – фактури, проекти, списоци и слично.

Редакцијата на Плусинфо се сомнева дека фоторепортерката Героска била следена после синоќешната прослава на ВМРО-ДПМНЕ и дека сторителите смислено насилно влегле во редакцијата, со цел да нанесат и материјална штета, но и да ги заплашат новинарите.

plusinfo2

Во текот на денешниот и утрешниот ден, редакцијата на Плусинфо ќе стори се што е во нејзина моќ за да ја информира јавноста за актуелните настани со вообичаениот ритам.

Поврзани новости