Груевски: Ќе ги победиме мрачните сили на избори

by Фокус

Премиерот Груевски од 25 годишнината од основањето на ВМРО ДПМНЕ порача дека на престојните избори во 2016-та очекува победа затоа што народот ја препознава вистинската политика и затоа што ударот врз неговата партија е нанесен од соработници на мрачни сили.

– Иако обединета како никогаш досега, партијата се соочи со удари од надвор . Во последните шест месеци партијата го пребродува најсилниот удар досега. Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, на демократски начин, противникот соработувајќи со мрачни сили, се обиде на најбрутален начин да ја сруши партијата нанесувајќи штета на државата. Но наместо тоа, тие ќе се срушат себе си, сакајќи нам да ни направат стапаица, влегоа во стапица, во предвремени парламентарни избори во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.Иако претходно не планиравме избори, иако веруваме дека ќе биде прв мандат до крај, сепак СДСМ помогната од други сили според Заев, се гледа дека нема да запре со урнисување на државата. Овој пат потребна е интервенција на народот, преку негово масовно учество преку фер и демократски избори, каде народот ќе одговори и на нив и на нивните поддржувачи.

Во овие пет до шест месеци издржавме нешто кое никој во Европа и светот не го издржал, го издржавме најсилниот удар против нас, но за конечна разврска и прекин на правењето штета на економијата. За предвремени избори сме подготвени уште сега, но нашиот противник не сака. Во април 2016 година, народот преку најсилната поддршка за ВМРО, ќе им објасни на овие неработници, дека не подлегнува на интриги и манипулации.Одиме во голема победа, која ќе се памети после се што помина нашата земја, победа која поради контекстот, како причина стои зад предвремените избори ќе влезе во учебниците и историјата. Ќе се учи како не треба во демократско општество да се манипулира со интелегенцијата на народот.

До домашните петтоколонаши една порака-нивните игри, има народ кој ќе ги спречи, тоа мора да се покаже, ако сакаме да бидеме ценети како држава. Да се покаже, дека не може да се сруши, со ваква крупна игра, да се сруши државата, а народот да не го казни, рече Груевски.

Прославата се одржа пред новото седиште на партијата, палатата Христо Татарчев.

Поврзани новости