Професорот и драмски режисер Слободан Унковски денеска на неговиот фејсбук-профил реагираше за јубилејната монографија на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).
– ФДУ ќе слави 45 години. Направиле и монографија. Таму за мене има една реченица: Дека сум предавал на режија многу години. И ставиле едно сликиче, во пописот на поранешни професори. А јас предавав таму 30 години на глума и на режија и кај мене студирале од Синоличка, Дац, до Поповски, Митровски, Витошевиќ, Касапи и многу други. Најмалку шест класи режија и неколку дипломски на глума. Заборавиле и дека имав успешни Мастер-студии со студенти од цел Балкан, да не зборуваме за моите уметнички резултати. Ново време, нова историја, ревидирана како и целата македонска историја денес. Тираж 100 примероци, уредила др. Ана Стојановска. Па сега се прашувам дали да се чувствувам навреден или почестен за ваквиот третман? – се прашува професот Унковски на неговиот фејсбук-профил.