Во продажба и првиот официјален албум со самолепливи казнички „Платини“

by lali 11:07
11:07

Сите граѓани кои ќе се соочат со казна поради непрописно возење со својот автомобил, велосипед, ролерки, скирол, детска количка и количка од супермаркет ќе имаат шанса да добијат и самолеплива копија од казната која ја заслужиле.

Оние, пак, најсреќните што ќе го исполнат целиот албум во рок од три месеци, истиот ќе можат да го пратат на улица: Димче Мирчев, бр. 9,  со ознака за наградна игра „МВР – Мундоказнофорија“ и ќе добијат шанса да учествуваат во големата наградна игра „Со казна во рака до награда без мака!“.

- Advertisements -

Засега неофицијално, но од блиски избори на МВР, дознавме дека незадоволните граѓани ќе можат да се собираат на претходно најавени локации и наместо да протестираат ќе можат да се менуваат меѓусебно со казните, со цел побргу да го соберат албумот и да учествуват во наградната игра.

Сепак, МВР и покрај огранизирањето на оваа наградна игра, пред се, советува безбедно да возите и да не се тормозите со собирање казни, но ако бидете сопрени и казнети, тогаш зошто да не си ја пробате среќата и да си ја искористите можноста за освојување на безброј безвредни награди!