401
Ниту студентските протести на кои се собраа околу 10.000 студенти, ниту разните дебати на професорите кои секојдневно укажуваат дека воведувањето државен испит на факултетите ќе им нанеса штета на сите, не ја предомислија владата да се откаже од оваа реформа.
Откако вчера на прес-конференција министерот за образование Абдулаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски истакнаа дека предлог-решенијата поминале на владина седница, со реакција на својот фејсбук профил се јави македонскиот режисер Слободан Унковски.
– Се прашувам дали Владата сака да го доведе универзитетот до генерален штрајк, за да најде причина да го затвори и да го реинсталира со прочистен кадар? – прашува Унковски.