Руфи Османи доби наследник на чело на НДП

by Фокус

Весел Мемеди, професот на тетовскиот универзитет и советник во Општина Гостивар, е новиот претседател на Националната демократска преродба. Мемеди беше избран на оваа функција на партиското централно собрание, кое уште го избра Амди Саити за потпретседател, а Зенун Исмаили за генерален секретар. Ваквиот епилог следува откако по последните парламентарни избори, раководството на оваа албанска опозиција партија, предводена од веќе поранешниот лидер Руфи Османи, поднесе неотповиклива оставка.

– Оваа промена доаѓа во многу тешка ситуација, кога скандалите за криминал и корупција кај сегашната влада не престануваат, во време кога политички бомби пукаат на сите страни на државата, а се очекуваат и други „бомби“, кои ќе ја дискредитираат владата. Во време кога се се знае кој е власт а кој опозиција, во време кога економијата е пред колапс, кога сиромаштијата достигнува највисокото ниво, кога има масовен егзодуа на младите од родните места… – истакна новоизбраниот партиски лидер Мемеди.

Веќе поранешниот претседател на НДП, Османи, кој остана да членува во партиското претседателство, рече дека неговиот наследник е потребен на партијата бидејќи одговара на профилот на амбициозен, посветен и бестрашен човек.

Rufi Osmani

Поврзани новости