Водени од заедничката заложба за остварување и јакнење на нераскинливата врска помеѓу стопанството и достигнувањата во високото образование и науката, во насока на општествениот развој и подигнување на степенот на соработка во иднина, Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиj“ во Скопје и Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија, преку кариерниот центар THRIVITY денеска потпишаа МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.
Целта на соработката е приближување на приватниот сектор со наставно-образовните институции, поттикнување на интересите и подготовка на студентите за практиканство, подготовка на студентите за прво вработување, приближување на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор, како и стручна соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и THRIVITY-кариерниот центар.
Соработката ќе се реализира преку постојана размена на искуства, знаења, податоци и информации во насока на:
– соработка помеѓу кариерните центри на Универзитетот и THRIVITY-кариерниот центар;
– приближување (вмрежување) на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор;
– воведување на Универзитетот: и THRIVITY-кариерен ден;
– тrain the trainer-програма (оспособување на студентите за пренесување на стекнато знаење во областа кариерно советување и практиканство);
– стипендирање на постдипломци на Универзитетот.
–
Исто така, ќе се организираат работни посети, конференции, работилници и други облици на размена на искуства и знаења, како и одржување на заеднички средби со учество на трети страни и меѓународни организации.