Партијата Унитети ќе бара од Уставниот суд оценка за уставноста на предвремените избори, бидејќи смета дека распишувањето на изборите е противуставно, затоа што се уште нема решение со нееднаквоста на изборните единици.
-Политичката партија Унитети преку својот пратеник Зулфи Адили, утре (вторник) 25.10.2016 година, во 11 часот, ќе достави до Уставниот суд Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението за распишување на предвремени избори за пратеници, од страна на претседателот на Собрание на Република Македонија.
Со оваа Иницијатива се оспорува Решението за предвремени парламентарни избори бидејќи без балансирање на изборните единици се крши Член 22 од Уставот на Република Македонија кој гарантира еднаквост на избирачкото право, како и Член 51 од Уставот. Со ова Решение се кршат и норми од Изборниот законик. Со ова, изборите се антиуставни и незаконски- стои во партиското соопштение.