Измените на Изборниот законик направени како резултат на договорот од Пржино не ги задоволуваат потребите на граѓаните бидејќи не ги направија неопходните измени за остварување на слободни и демократски избори во Македонија, реагираат од новата албанска партија Унитети.
-Најважните прашања кои во минатото се покажаа како можност за манипулација со гласовите во изборниот процес не се изменети. Некои од нив се да не е предвидено квалитетно исчистување на избирачкиот список, остануваат затворени листи на кандидатите за пратеници, организирање на изборните зони (шест зони), а при носењето одлуки во ДИК, нема двојно гласање, туку евентуалните спорови се пренесуваат во Административниот суд, се вели во реакцијата на Унитетите.
Од новата партија сметаат дека при гласањето на дијаспората остануваат сите можности за злоупотреби од страна на администрацијата на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија.