407
Измените на Изборниот законик направени како резултат на Договорот од Пржино не ги задоволуваат потребите на граѓаните бидејќи не ги направија неопходните измени за остварување на слободни и демократски избори во Македонија, соопштија од новата албанска партија Унитети на поранешниот висок функционер на ДУИ Гзим Острени.
„Најважните прашања кои во минатото се покажаа како можност за манипулација со гласовите во изборниот процес не се изменети. Не е предвидено квалитетно исчистување на Избирачкиот список, остануваат затворени листи на кандидатите за пратеници, организирање на изборните зони, при носењето одлуки во ДИК нема двојно гласање, туку евентуалните спорови се пренесуваат во Административниот суд“, велат од Унитети.