465
Унитети, партија составена од членови кои го напуштија ДУИ, денеска поднесе Иницијатива до Уставниот суд со која се оспорува Решението за предвремени парламентарни избори поради неизбалансираност на изборните единици.
-Со ова решение се кршат и норми од Изборниот законик. Со ова, изборите се антиуставни и незаконски, рече пратеникот на Унитети, Зуљфи Адиљи кој ја поднесе Иницијативата до Уставниот суд.
Сепак, Унитети ќе учествува на изборите, а како што објаснија, целта на Иницијативата е да докаже дека оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ уште еднаш го крши Уставот и Изборниот законик, со тоа што оставија намерно така во Шестата изборна единица да има огромни отстапувања во бројот на гласачите.