Уништени над 80 тони небезбедна храна

by Fokus

Повеќе од 85 тони небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна од јануари до март годинава. Најголемиот дел небезбедна храна, односно 68.541 килограми ги повлекле самите оператори согласно имплементираните HACCP планови, додека инспекторите за храна и официјалните ветеринари, како небезбедни уништиле 17.173 килограми храна.

-Од вкупно уништената небезбедна храна од инспекторите за храна и официјалните ветеринари во првиот квартал годинава, 277 килограми била храна од неживотинско, а остатокот храна од животинско потекло. Од почетокот на годинава до март инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 12 699 контроли и за утврдените недоследности (непочитување на препораките и мерките за справување со вирусот КОВИД 19, но и оштетувања на работните површини, несоодветна примена на HACCP процедурите и нередовно водење записи, неажурирани санитарни книшки на вработените, неусогласености во врска со хигиената во објектите, несоодветно означување на производите и оштетувања на разладните витрини), изречени се шест наредби за отстранување на недоследности, една мерка забрана и три мерки едукација на операторите, се вели во соопштението на АХВ.

Поврзани новости