Уништен голем дел од експонатите при пожарот во Националниот музеј во Бразил

by fokus

Огромниот пожар, кој избувна во Националниот музеј на Бразил во неделата, ја уништи целата збирка бесценети експонати, јавија локални медиуми.

– Се е готово, рече експертот Марко Аурелио Калдас, еден од ретките лица, кои влегоа во изгорена зграда.

Метеорити, кои се отпорни на високи температури, се единствените меѓу 20-те милиони експонати, што го преживеаа пожарот.

Според проценките на заменик-директорот на Националниот музеј Кристиана Сережо само 10 проценти од експонатите преживеале.

Поврзани новости