Унгарскиот Парламент го реизбра Виктор Орбан за премиер

by Fokus

Новиот унгарски Парламент денеска го реизбра лидерот на партијата ФИДЕС, Виктор Орбан за премиер на Унгарија.

Претседателот на Унгарија Јанош Адер во вторникот им препорача на пратениците на конститутивната седница на Парламентот повторно да го изберат Орбан за премиер, кој, во третиот по ред мандат, најави дека ќе настојува да спроведе уставни измени.

– Побарав од премиерот Виктор Орбан да формира нова влада и тој тоа го прифати, изјави тогаш Адар.

 

Поврзани новости