Од 15 септември во Унгарија стапува во сила ново правило за прекин на бременоста. Унгарките кои ќе сакаат да абортираат прво ќе мора да го слушнат чукањето на срцето на фетусот.
Според наредбата на унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер, објавена синоќа во Службен весник, при поднесувањето на барање за абортус жената мора да приложи лекарско уверение во кое се наведува дека „јасно и се претставени факторите што укажуваат на постоење на витални функции на ембрионот“.
Во Унгарија жените можат да ја прекинат бременоста до 12 недела ако изјават дека поминуваат низ лична криза.
Според унгарските Организации за одбрана на женските права најновото заострување на правилата само го зголемува притисокот врз жените кои и онака се во исклучително тешка ситуација поради несакана бременост.