За опозицијата Јовески не е соодветен за уставен судија

by fokus

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за предлог јавниот обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Според опозицијата Јовески непрофесионално ја извршува актуелната функција и работи во интерес на власта и од таа причина, според нив, „не е соодветен за функцијата уставен судија“.

-Не презеде дејствија за коишто е задолжен и има и дадено заклетва како јавен обвинител. Тоа значи дека свесно и намерно не постапуваше и правеше тешка злоупотреба на службената положба. Јавното обвинителство има надлежности што се точно и прецизно утврдени со Закон и е единствен орган надлежен за дејствија, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.

Комисиската расправа ќе продолжи по паузата во 15:30 часот, а најавено е дека ќе продолжи и по 18:00 часот.

Љубомир Јовески е последен кандидат за кој расправа Комисијата. Предложен е од СДСМ покрај другите двајца кандидати, Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, кои ја добија поддршката од Комисијата.

Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ниту еден не доби поддршка.

Поврзани новости