390
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска најави дека можно е Унгарија целосно да ја затвори границата со Србија за да се заштити од напливот на илегални мигранти на нејзина територија.
-Не е праведно да ги пропуштаат бегалците. Тие треба да бидат запрени на српска територија. Ќе ги разгледаме сите можности, вклучително и целосно затворање на границата, изјави премиерот Орбан за државното радио „Косут“.
Тој рече дека проблемот со мигрантите ќе биде тема на разговор со српските власти за време на неговата посета на Белград на почетокот на идниот месец.
Според унгарските власти, од почетокот на годинава во Унгарија влегле 54.000 илегални мигранти, од кои 95 отсто преку границата со Србија.