404
Унгарија почна да го гради заштитниот ѕид на границата со Србија чија цел е да ги спречи мигрантите да влегуваат на територија на Европската унија. Унгарскиот парламент ја одобри оваа мерка минатата недела.
Ѕидот се наоѓа 180 километри јужно од Будимпешта. Ќе биде во должина од 175 километри и висина од 4 метри. Причина за неговата изградба се 78 илјади мигранти кои од почетоков на годинава нелегално преку Србија влегле во Украина.
Ваквата мерка на унгарскиот премиер Орбан, наиде на загрижени реакции и од Србија и од Европската унија. Германската канцеларка Ангела Меркел за ѕидот рече дека тој „нема никаква смисла“.