421
Откако функционери на владејачката партија во Унгарија се заканија со затворање на невладините организации кои се финансирани од Џорџ Сорос, сега ги омекнуваат ставовите.
-Фондациите кои ги поддржува американскиот милијардер и инвеститор Џорџ Сорос немаат причина за страв и од нив се очекува само да ги следат правилата на транспарентност, изјави заменикот претседател на владејачката партија во Унгарија, Фидес Гергељ Гуљаш.
Ова е одговор на Гуљаш на изјавата на Сорос на Светскиот економски форум во Давос дека заканите на унгарската влада на невладините организации е во спротивност со обврските и вредностите на ЕУ и владеењето на правото.