Унгарија нема да го екстрадира Груевски во Македонија

by fokus

Судот во Будимпешта одлучи да го одбие барањето за екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски, пренесуваат унгарските медиуми.

Како образложение било дадено дека условите за екстрадицијата не биле исполнети, пренесуваат дел од унгарските медиуми. Новинарите од судницата велата дека судијката сметала како унгарските судови не може да пресудуваат за нешто што се случило во Македонија. Исто така според унгарските новинари Македонија не може да ја обжали одлуката пред повисок суд.

Тоа што Груевски во судот беше донесен со лисици на рацете значи дека тој претходно бил во екстрадициски притвор, но сега од судот ќе излезе како слободен граѓанин, бидејќи Унгарија реши да не и го испорача на Македонија.

Поврзани новости