477
Првиот дел од оградата, која Унгарија ја градеше на границата со Србија со цел да ги спречи мигрантите да влегуваат во земјата, е завршен.
-Првиот дел од оградата е завршен два дена пред рокот предвиден за 31 август, пренесе унгарската државна агенција МТИ повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.
Оградата почна да се гради на трети август. Работите ги извршуваа унгарските војници, а унгарската Влада се надева дека на тој начин ќе доаѓаат помалку бегалци.
Пред два дена пак, Владата на Унгарија го претстави законот со кој се предвидуваат затворски казни од три години за нелегално преминување на границата. Ако овој закон се изгласа, неговите одреди ќе почнат да се применуваат од 15 септември.