Заев: Опозицијата е решена оваа битка да ја истера до крај

by Фокус

-Раководството на СДСМ и опозицијата е решено да ја истера оваа битка до крај, но ни требате вие нашиот народ заедно, рамо до рамо, чесно, исправно да си ја вратиме во нормала земјата, рече лидерот на опозицијата, Зоран Заев денеска при посетата на струшкиот регион.

Заев вели дека режимот полека се развластувал и затоа Груевски шетал во нервоза и со нереални ветувања. Нагласи дека периодот што претстои е многу важен.

При денешната посета на струшкиот регион, Заев го придружуваа генералниот секретар Оливер Спасовски, потпретседателот Александар Корацовски, претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, пратениците Јован Митрески, Јулијана Силјановска, Васко Ковачевски, општинските раководства на СДСМ од Струга, Вевчани, Враништа, Охрид.

Поврзани новости