599
Унгарија денеска ги отвори своите граници за државјаните на Србија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на граничниот премин „Реске“, по средбата со српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.
Државјаните на Србија, денеска од 10 часот, можат да влезат во Унгарија без тест за ковид-19 и карантин од 14 дена во соседната земја. Влегувањето во Унгарија е можно на сите девет гранични премини.
Како што изјави Сијарто, Србија е прва земја надвор од Европската унија со која Унгарија ги отвора своите граници, односно ги ублажи мерките за време на епидемијата на корона вирус, бидејќи и двете држави успешно се справија со епидемијата.