Го почитуваме ставот на Софија дека прашањата кои тие сега ги наметнуваат се важни за нив, но нашето барање е да дадат доволно време да се најде решение за прашањето со Скопје и паралелно со тоа да започнеме преговори за зачленување во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто во Штип.
Одговарајќи на новинарско прашање, кои земји биле на страната на Македонија вчера во Луксембург и дали навистина имало тензични расправи, тој потврди дека атмосферата била тензична, но, како што рече, не би сакал да потпалува поголеми огнови од она што е неопходно.
-Едно е сигурно дека навистина атмосферата била многу напната на состанокот на Советот вчера, бидејќи државите кои се залагаат за проширувањето, како Унгарија, почувствувавме доста голема фрустрација, затоа што секогаш ќе се појави некое плус прашање, некоја работа поради која не може да се започнат преговорите со Северна Македонија. Со години водевме преговори со Грција и кога тоа се случи, се заврши, кога помисливме дека е готово, тогаш се појавија Бугарите – рече Сирјато.