392
Седумдесет и едногодишен Унгарец вчера починал во автобус, на граничниот премин Табановце, на излез од државата.
-Вчера во 22:50 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека во автобус на Граничниот премин Табановце на излез од РСМ починал Ф.С.(71) од Унгарија. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија. Известен е јавен обвинител, информираат од МВР.