Првиот македонски интернет сервис провајдер Унет, изминатиот понеделникот на забава за вработените ја прослави својата 20 годишнина. На 20 април 1995 година, Унет ја овозможи првата dial-up конекција, со што Македонија за прв пат и формално се вмрежи во „глобалното село“, а овој датум значи почеток на интернет комуникациите во Македонија.
Како прв македонски провајдер, Унет даде огромен придонес во промовирањето на Интернет пристапот на македонскиот пазар. Со брзи и континуирани промени во технологијата и во организацијата на своето работење, Унет ги постави стандардите за квалитет на интернет сервисите во Македонија. Во моментот Унет нуди хостирање со Cloud и VPS хостинг во спостевен дата центар, регистрација и обнова на домени (Унет регистрар) и целосно интегрирани веб решенија.
Во текот на изминатите три месеци Унет по повод 20 годишнината од основањето на компанијата организираше низа на активности, а менаџметот одлучи примат да им даде на проектите за вложување во заедницата и промовирањето на социјалното претприемноштво. По тој повод на огранизираната свеченост, беа наградени наставничките и едукатори Весела Богдановиќ и Марина Митевска, кои се прогласени за едни од најкреативните и успешни едукатори од Македонија и конкурираат за престижни светски награди во својата област меѓу привите педесет едукатори во светот.