459
Средношколците денеска во 12 часот во главниот град ќе го одржат третиот протестен марш против, како што велат, лошите реформи на Владата и Министерството за образование. Студентскиот пленум им дава целосна поддршка на средношколците за протестниот марш во така што средношколците со маршот ќе почнат од Фонтана – Парк, а студентите од Платото на УКИМ и ќе се сретнат кај Владата
Збирното место е фонтаната во Градски парк, а маршрутата продолжува кон Владата, и ќе заврши пред Министерството за образование и наука.
Средношколскиот пленум веќе јавно ја доби поддршката од Студентскиот, Професорскиот пленум и граѓанскиот сектор, а воедно поддршка Средношколскиотп ленум доби и од Унијата на средношколци Албанци.