Унапредени во началници полицајците кои сами се справуваа со напаѓачите на крвавиот четврток

by fokus

Полициските службеници од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кои за време на крвавиот четврток застанаа во одбрана на пратениците од СДСМ и ДУИ, се унапредени во началници. Сашо Тасевски, е поставен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа, а Ацо Ангеловски е поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР, потврдуваат за „Фокус“ од Министерството.

Обезбедувањето на Спасовски е во голема мера заслужно за тоа што Заев и неговите блиски соработници не поминаа со поголеми повреди за време на нередите во Собранието. Овие службеници застанаа помеѓу пратениците и насилните демонстранти, а еден од нив извади огнено оружје кон демонстрантите за да спречи ескалирање на насилството.

Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.

 

Поврзани новости