426
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопштуваат дека со привремен прекин во водоснабдувањето ќе останат корисниците од улицата Бутелски венец и дел од Смилевска.
„Ве известуваме декана ден 03.05.2018 год.поради дефект на затворач ф-80мм на ул.Бутелски венец 68, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Бутелски венец и дел од Смилевска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот до санирање на дефектот“, информираат од таму.