Украсување со штедливи светилки и организиран дочек на Нова година во Кавадарци!

by fokus

Во Кавадарци ќе има организиран дочек на Новата година на плоштад со локални бендови, диџеи и спектакуларен огномет. Исто така, градот ќе биде декориран во празничен дух и ќе се постават монтажни куќарки.

Општината ќе одвои 1,5 милиони денари за празничната програма, од кои 800 илјади денари за украсување.

Програмата ќе ја реализира Иноватива груп, во соработка со локални културни институции.

И покрај тоа што советниците од опозицијата барале да не се украсува градот со светилки поради енергетската криза, а и да не се трошат пари за прославата поради актуелната пандемија, според градоначалникот Митко Јанчев, организирана забава барале граѓаните, поради тоа што предолго се присутни проблемите од пандемијата.

Исто така, тој посочи дека украсувањето на градот ќе биде со штедливи светилки, кои имаат незначителна потрошувачка на електрична енергија.

В.К.

Поврзани новости