Казна затвор од 7 години и 6 месеци за возачот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Јелена од Куманово

by fokus

На казна затвор до 7 години и 6 месеци е осуден кумановецот Никола Стефановски, возачот кој беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици, за сообраќајна несреќа во која загина малолетната кумановка Јелена Филиповиќ.

-„Предметот за Јелена Филиповиќ“ на кое рочиште беше јавно објавена пресудата со која судот обвинетиот го огласи за виновен и му определи казна ефективен затвор во траење од 7 години и 6 месеци. Воедно судот му изрече и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години, информираа од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Несреќата се случила лани во јануари на територија на скопски Илинден кога возачот Никола имал 20 години, додека загинатата Јелена била само неколку дена пред полнолетство. Во автомобилот со нив била и Тамара Петковска која била тешко повредена и исто така е оштетена на судскиот процес.

Таткото на загинатата пак е во притвор откако во август беше осомничен дека барал платени убијци за да го ликвидираат возачот кој ја усмрти неговата ќерка. Таа истрага се уште е во тек.

Поврзани новости