407
ВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.Т. (29) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што известуваат од полицијата, Ј.Т. на 11.10.2017 година во Велес, откако влегол во куќата на Н.Б., од плакар одзел два паричника во кои имало 12.500 денари, лична карта, картичка од банка со пин број и картичка за подигање на пари од шалтер.
Потоа, прикривајќи го ликот со шал и капа, од банкомати, во два наврати подигнал вкупно 29.900 денари.
На 18.12.2017 година, при претрес во домот на пријавениот, била пронајдена дел од облеката што ја носел на себе при подигнување на парите од банкоматот.
Во службен разговор во СВР Велес Ј.Т. ги признал делата.