414
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Х. (22) од с. Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,издавање на чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка”.
Во периодот од 06.01.2018 до 25.01.2018 година во маркет во село Врапчиште, пријавениот од џебот на Л.С.(46) од село Зубовце, со која заедно работеле во маркетот, ја зел платежната картичка, по што броевите од картичката ги регистрирал во неговиот мобилен телефон. После тоа, пријавениот во неколку наврати од мобилниот телефон, при купување на токени за игра, извршил исплата од сметката на Л.С.