Гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена доби 1,5 година затвор

by Fokus 14:16
14:16

Гинекологот Николче Дамчевски, кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена од Основниот суд Скопје 1 денеска е осуден на година ипол ефективна казна затвор, а изречена му е и забрана за вршење дејност во траење од осум години.

Дамчевски пред судот ја призна вината.

– Не сме задоволни од изречената казна. Особено имајќи ја предвид специфичноста на кривичниот настан и начинот на кој се сторени кривичните дела од страна на обвинетиот. Во понатамошната постапка ќе ги искористиме сите правни инструменти во насока на задоволување на правичноста и во насока на превенција вакви и слични кривични дела да се повторат – изјави Ирена Фрчкоска, адвокатка на оштетената.

 

Поврзани новости