Украл две слики од Пикасо и ги продал на пазар за 150 евра

by Fokus

Српски државјанин (37) е осуден во Швајцарија на четири ипол години затвор за грабеж на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година. Тврди дека ги продал на пазар за 150 евра!

Двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пабло Пикасо. Украдениот плен е вреден вкупно 75.000 франци.

Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста.

– Лажни беа, ги продадов за 150 евра на пазар – рекол разбојникот на суд, пренесува српска Република.

За време на судењето тој се расплакал.

Како што кажа, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Рекол и дека не сака ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството – ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи.

Судот изрече казна затвор од четири и пол години и тој мора да ја напушти Швајцарија на десет години.

Поврзани новости