Војниците на 3-та нападна бригада на Украина го критикуваа политичкото раководство на земјата што објави на апликацијата Телеграм дека украинската армија го зазеде клучното село Андријивка јужно од Бахмут, а потоа ја избриша објавата.
-Ваквите изјави се штетни, ги загрозуваат животите на војниците и влијаат на текот на операциите, напиша бригадата на Телеграм.
-Изјавата за освојување на Андријевка е неточна и прерана. Силни борби се уште траат, велат тие.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар претходно денес објави: -Андријивка е наша.
Бригадата изјави дека се уште се водат тешки борби во три села јужно од Бахмут.
Селото Андријивка во источна Украина е на помалку од десет километри јужно од Бахмут што е под контрола на Русија.
Руските воени блогери претходно објавија за повлекувањето на руските војници од Андријевка и Клишчивка.
Невозможно е самостојно да се потврди оваа информација, јави германската агенција ДПА, која претходно вечерва ја пренесе објавата на Хана Маљар.