Уапсени четворица фудбалери на Реал Мадрид за споделување секс снимка со малолетничка

by Fokus

Тројца фудбалери на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид се уапсени поради споделување на сексуална снимка од малолетничка.

Се работи за играчи од резервниот и младинскиот тим на Мадрид, објави шпанскиот Ел Конфиденсијал.

-Реал Мадрид ја информира јавноста дека дознава дека еден играч од тимот на Кастиља (Реал Б) и тројца играчи од Реал Мадрид Ц дале изјави до Жандармеријата во врска со извештајот за наводното ширење на приватно видео преку Вакапо. Кога клубот ќе има детално сознание за настаните, ќе преземе соодветни мерки“, се вели во официјалното соопштение на веб страницата на Реал Мадрид.

Првично беше објавено дека се тројца, но се покажа дека се четворица, а нивниот идентитет беше откриен многу брзо.

Станува збор за Раул Асенси (20), Алекс Алеман (18), Андреас Кампос (21) и Борха Алонсо (19).

Се започна на 6 септември, кога мајката на 16-годишно девојче, во општина Морган на Канарските Острови, поднела жалба против играчот на Реал, поради наводно споделување сексуална содржина со нејзината малолетна ќерка.

По истрагата, во четвртокот наутро полицијата упадна во тренинг центарот „Ваљдебебас“ каде тренираат и првотимците на Реал и каде во тој момент се наоѓаа обвинетите фудбалери и ги лиши од слобода.

По апсењето тие се однесени и задржани во притвор, а во таа прилика им биле одземени телефоните за да се утврди колку лица учествувале во овој скандал. Исто така, судијата нареди нивно последователно ослободување, во очекување на давање изјави во полициските простории.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, еден од уапсените фудбалери бил во врска со споменатата малолетна девојка, но видеото со сексуална содржина го снимил без нејзино знаење.

Според шпанскиот закон, за вакви и слични дела се заканува затворска казна од три месеци до една година за оној што го иницирал споделувањето на снимката, како и затворска казна од еден до три месеци за сите кои ја добиле визуелни или аудио содржини, а за истите не ги известиле надлежните органи.

Поврзани новости