481
Барањето за забрзан прием на Украина во НАТО, поднесено од украинскиот претседател Володимир Зеленски, звучи како покана до Алијансата да влезе во директен вооружен конфликт со Русија, оцени денеска претседателот на меѓународниот комитет на руската Дума, Леонид Слуцки.
Според него, тоа е покана за конфликт меѓу водечките нуклеарни сили.
– Единствениот избор за Киев денес е да го положи оружјето и да се врати на преговарачката маса.
Претходно денеска, Зеленски најави дека Украина официјално ќе побара забрзан прием во НАТО, откако рускиот лидер незаконски анектираше 15 отсто од украинската територија.