775
Украински преговарач е убиен од Украинската служба за безбедност, откако наводно ја предал земјата комуницирајќи со Русија.
Според информациите на медиумот „Украинска Правда“, Денис Киреев, член на украинската делегација на првите преговори одржани во Гомел, бил убиен додека траела акцијата за негово апсење под сомнение за велепредавство.
Истиот извор соопштува дека постоеле силни докази дека преговарачот Киреев ѝ пренесувал тајни информации на Русија.