Украински пратеник повикува на ликвидација на Бајден

by fokus

Пратеникот во украинската Врховна Рада од партијата „Опозициска платформа – За живот“, Илја Кива, смета дека украинската безбедносна служба треба да подготви план за, како што рече, неутрализација и доколку е можно, целосна ликвидација на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Кива на „Телеграм“ за Бајден тврди дека е, како што пишува, главниот сејач на паника и провокатор за војна и дека неговите изјави и постапки ја загрозуваат економијата и безбедноста на Украина.

„Се надевам дека претседателот Зеленски го покани во Украина токму со таа цел“, додава Кива.

САД и западните сојузници тврдат дека Русија подготвува, како што велат, инвазија на Украина и и се закануваат на Москва со санкции кои според нив ќе ја „осакатат“ руската економија.

Москва, пак, посочува дека НАТО дошол до нејзините граници и дека мора да ги брани „црвените линии“ кога е во прашање нејзината безбедност.

Поврзани новости