977
Дваесет и осумгодишниот фудбалер на АЕК, кој е на позајмица во Зорја, Олег Данченко, доживеа троен срцев удар на подготовките на украинскиот прволигаш.
Го спасила брзата реакција на докторите.
Данченко колабирал на тренинг во Турција, а го спасиле австриски лекари кои биле во близина и имале дефибрилатор.
Срцето му застанало трипати, бил клинички мртов, но лекарите успеале да ја стабилизираат неговата состојба.