Реџепи најави разговор со Ковачевски за монтираните случаи

by Фокус

Независниот пратеник Скендер Реџепи, кој своевремено се одвои од Алтернатива, вечерва истакна дека ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, со кого, како што рече, ќе разговара околу точката за меѓунардната истрага.

Тој на ТВ 21 рече дека Алтернатива никогаш не побарала од Владата меѓународна истрага за монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу Алтернатива и СДСМ.

Од разговорот со Ковачевски за оваа точка ќе зависи дали Реџепи ќе остане дел од мнозинството, од кое дел стана Алијанса за Албанците.

Поврзани новости