324
Украинската вицепремиерка ги предупреди руските граѓани „да не посвојуваат деца украдени од Украина и транспортирани во Русија“.
Пишувајќи на руски на Телеграм, Ирина Верешчук рече дека „посебно е одвратно јавно да се фали со незаконски активности“.
„Земењето деца без родители од Украина и предавањето на посвојување на руски државјани е незаконско и гнасно“, напиша Верешчук.
Повеќе од 16.000 случаи на депортација на деца истражува главниот украински обвинител. Андриј Костин.