451
Украинската армија денеска соопшти дека напреднала меѓу 600 и 1.000 метри на јужниот и северниот раб на Бахмут, град кој силите на Вагнер го зазедоа во мај годинава.
Украинската армија исто така пријави напредок во саботата, додека силите на руската приватна воена компанија, за време на бунтот, маршираа кон Москва, пренесува Гардијан.
Не беше можно да се потврдат тие извештаи. Украинските власти посочија дека бунтот „Вагнер“ во саботата и дал можност на украинската армија да напредува во својата контраофанзива, пренесува Танјуг.