Украинската армија го ослободи Давидов Брид, важно село во областа Херсон, што ги принуди руските сили да направат уште едно брзо повлекување, пишува Би-Би-Си.
Русија сè уште го контролира градот Херсон, најголемиот град во јужна Украина.
Во последниве 48 часа, украинските сили се бореа на југ по западниот брег на реката Днепар, а руските единици сега се принудени да се повлечат од неколку населени места во северниот дел на регионот Херсон.
И Институтот за војна објави дека украинските сили продолжиле да остваруваат значителни придобивки во Херсонската област, додека истовремено продолжуваат да напредуваат во Харков и Луганск.
„Украинските сили ослободија неколку населби на источниот брег на реката Инхулец долж автопатот Т2207, принудувајќи ги руските сили да се повлечат на југ кон Херсон. Украинските сили, исто така, продолжија да напредуваат на југ по реката Днепар и автопатот Т0403, туркајќи ги Русите јужно од границата на Херсон-Дњепропетровск кон областа Берислав.