Ќе има и плати и пензии, уверува Тренчевска

by Фокус

Пари за исплата и на плати и на пензии ќе има, уверува министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, Тренчевска утринава кажа дека во Буџетот се предвидени средства за исплата на пензии, плати и надоместоци за социјална и детска заштита.

-Граѓаните да бидат спокојни, пари ќе има и за исплата на пензии и за плати – рече таа.

Поврзани новости