491
Украинската армија денеска соопшти дека им го предала Соледар на Русите, две недели откако Москва објави дека го зазела градот во источна Украина, пренесе Бета.
– По неколкумесечни тешки борби, украинските вооружени сили го напуштија градот и се повлекоа на подготвените позиции, изјави денеска портпаролот на украинската армија за источната зона Сергиј Черевати.
Сепак, тој не сакаше да каже кога точно украинската армија се повлекла од Соледар.