Украинската амбасадорка во земјава, Наталија Задорожњук денеска имаше проштална средба со претседателот Стево Пендаровски, бидејќи си заминува од Македонија.
Таа на Фејсбук напиша порака во која се збогуваше со државата и порача дека Македонија ќе и биде засекогаш во срцето.
-И Украина и Македонија со целата своја понова историја докажуваат дека ние треба да бидеме дел од Европската Унија, секако со исполнување на нашите домашни задачи. Целта е иста, патиштата се различни. Нам ни е многу потешко. Кај нас, на наша земја се води војна. Но, Украинците во текот на целата нивна историја докажаа дека ние сме непобедлива нација и верувам дека наскоро (процесите се менуваат исклучително брзо) знамињата на Украина и Северна Македонија ќе се веат во Брисел. Им благодарам на сите мои пријатели од Украина и Македонија кои ми помагаа во работата. Македонија е во моето срце засекогаш, напиша амбасадорката.